Маса: Издржливоста, не возачите, треба да биде приоритет на Ферари

Поранешниот возач на Скудерија, Фелипе Маса, смета дека италијанците прво нешто што треба да направат е д го решат проблемот со издржливоста, а потоа да спорат околу тоа кој од двајцата возачи целосно ќе го поддржат.

Ферари се прва екипа годинава во која двајцата возачи ќе отслужат казни за прекумерно користење на мотори, Шарл Лекер ја отслужи својата во КАнада, а Карлос Саинз ќе стартува од позадина на француски Пол Рикар откако му откажа агрегатот во Австрија. Аналитичарите сметаат дека по последната победа на моначанецот, во Маранело барем го решиле проблемот со прв возач поради фактот што Шарл е 37 поени пред Карлос.

кога јас дојдов во тимот во 2006 година беше многу јасно кој беше прв, а кој втор возач. тогаш кај нас дојде кими раиконен и се согласивме дека ќе се тркаме се до спа, а потоа кој заостанува во поредокот, ќе му помогне на подобриот.

не знам како се поставени работите во ферари во моментов во однос на тие улоги, но мислам дека издржливоста треба да биде врвен приоритет. имаат проблеми за решавање пред да направат било што – посочи бразилецот.

Но, Маса посочи и дека следно откажување на Шарл и победа на Саинз ќе значи само 12 поени разлика помеѓу нив, а до тогаш на италијанците им треба решавање на проблемите пред се.

можно е леклер да не заврши некоја од следниет трки, а Саинз да победи. сеуште е прерано да се решаваат нивните улоги затоа што финишот на трката е проблематичен.

Моначанецот има две откажувања од трки годинава, додека Саинз има двојно повеќе. Леклер се откажа во Шпанија кога го загуби челното место во возачкиот поредок и во Азербејџан. Карлос не ја заврши последната трка во Австрија, а претходно и на Имола, додека во Баку имаше судар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ