Маса: Неконстантниот Чеко никогаш нема да биде шампион

Поранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса, даде свое мислење за шансите на Серхио Перез да освои шампионска титула по неговата победа на последната одржана трка во Саудиска Арабија.

Мексиканецот го искористи проблемот на колегата Верстапен од квалификациите и ја претвори пол позицијата во победа, ставајќи се на само поен од својот колега во возачкиотпоредок. Неговите фантастични перформанси на Џеда веднаш ги засилија анализите за можноста да стане нов првак.

Бразилецот Маса многу добро знае што е потребно за да биде шампион, беше колега на Михаел Шумахер додека овој доминираше во Формула 1, а потоа и самиот загуби титула од Хамилтон само за поен.

исто како и макс и луис и шарл леклер е фантастичен возач и сметам дека во моментов е најголема закана за ред бул – посочи маса.

Во врска со аспирациите на Чеко, Фелипе одговори:

вторито возач на ред бул, серхио перез, е премногу неконстантен, исто како и карлос саинз од ферари.

за во иднина, џорџ расел со мерцедес е кандидат за највисок пласман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ