Маса не открива ништо околу здравјето на Шумахер

Фелипе Маса вели дека нема да открива никакви информации околу здравствената состојба на неговиот поранешен колега од деновите во Ферари, Михаел Шумахер.

Црвениот барон е во кома од крајот на 2013 година кога имаше несреќа при скијање во која заработи повреди на мозокот, а официјални информации околу неговата состојба речиси и да не постојат.

Бразилецот МАса е еден од ретките кој по посетил Шуми во неговиот дом во Швајцарија.

знам како му е на шумахер, имам информација затоа што мојот однос со него отсекогаш бил близок и непосреден. со корина не сме толку блиски и не се познаваме доволно затоа што таа не доаѓаше често на трки.

знам дека не му е лесно во ситуацијата во која се наоѓа, во многу тешка фаза е и поради тоа мораме да ги почитуваме сите желби на неговото семејстбо.

тие не сакаат да има никакви информации во врска со здравествната состојба, а кој сум јас да откривам такви детали – изјави фелипе за Fox Brasil.

По деновите во Маранело, Фелипе мина во Вилијамс, а по крајот на Формула 1 обврските се насочи кон електричната Формула Е тркачка серија.

сонувам и се молам секој ден да му стане подобро и да се појави на патеката некогаш, особено сега кога син му почна да се трка. се молам и искрено се надевам тоа да се случи некој ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ