Маса прогнозира успех за Саинз во Ферари

Поранешниот возач на Ферари, бразилецот Фелипе Маса, смета дека Карлос Саинз има способност да постигне успех за себе и за Скудерија во Маранело.

Трансферот на Саинз во Ферари доаѓа по шест години поминати во средината на Формаула 1 гридот со тимовите на Торо Росо, Рено и Мекларен. Матиа Биното изјави дека ангажманот на Саинз е на некој начин ризик за тимот, но Маса, кој помина 8 години со тимот од Маранело, смета дека тоа може да биде голем успех.

Така мислам, ќе зависи од него. Ќе мора да почекаме и да видиме во првата година, но тој има талент и способност. Важно е да запомниме дека Ферари поминуваат низ тежок период, мора да се вратат на врвот, бидејќи немаат освоено титула од 2008 година иако беа блиску со Алонсо.

Сакаат да се подобрат и мислам дека со двајца млади возачи ќе биде интересно. 

Саинз во својата прва година возеше покрај Макс Верстапен, тоа беше близок дуел. Тој покажа низ годините дека стекна искуство, а минатата година импресионираше со Мекларен.

Мислам дека ќе заврши одлична работа во Ферари, тој има искуство, тој е паметен, нема порази и може да импресионира во голема екипа како Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ