Маса: Хамилтон ментално ќе го поремети Леклер во Ферари

Поранешниот бразилски возач на Ферари, Фелипе Маса, верува дека Скудерија треба да си останат со Леклер и Фетел како возачи и во иднина. Тој смета дека доколку Фетел одлучи да замине тогаш тие треба да го земат Даниел Рикардо во екипата.

Доколку сум матиа Биното ништо не би променил. фетел има четири титули, а Леклер има многу потенцијал што не треба да се потцени – смета маса.

Договорот на Фетел истекува оваа година, а сеуште нема информации за негово останување или заминување од Маранело. Бразилецот смета дека најдобра замена за германецот би бил Даниел Рикардо.

Јас би го избрал него. Тој е навистина силен и забавен на патеката.

Дуото од соништата на сите Формула 1 фанови секако дека е Хамилтон и Леклер. Минатата година британецот беше поврзан со заминување од Мерцедес во Ферари, но за Маса, доаѓањето на Хамилтон во Ферари не треба да се случи.

Тоа е само сон, Но Хамилтон би го спречил развојот на Леклер и потенцијално може ментално да го уништи. Се може да биде погрешно со таа одлука на Ферари – заклучи бразилецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ