Маси ги негира обвинувањата за “двоен аршин“ од Алонсо

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, ги демантираше тврдењата на Фернандо Алонсо кој обвини дека правилата не се приенуваат исто на сите.

Нандо не беше задоволен со годинешните одлуки на контролата на трка, посебно во однос на правилото кое го уредува напуштањето на патеката и стекнувањето предност на тој начин. Тој беше лут поради тоа што Даниел Рикардо го минал надвор од патеката во Австрија, а потоа и Ланд Норис кој се излече само со опомена во Русија кога ја премина линијата за влез во боксот, нешто што значи временска казна.

постојат различни правила за различни луѓе, или пак секоја недела различно се применуваат врз основа на тоа кој го направил прекшокот. да видиме следниот што ќе премине преку линиијата за влез во боксот, која националност ќе биде и каква казна ќе добие – луто посочи нандо по руското гранд при.

Мајкл Маси, директорот за трка, ги чул обвинувањата на Фернандо и смета дека секој си има право на свое мислење, но тој нема намера да се меша во работата на стјуардите.

јас немам намера ниту да се вклучувам во такви разговори, а секој возач си има право на свое мислење и гледиште, секој си има право на коментар без разлика дали интерен или преку медиумите и тоа е во ред.

правилата важат исто за сите, исто судиме на секој инцидент и темелно го разгледуваме.

Запрашан дали коментарите на Алонсо направиле поголем притисок над стјуардите, Маси демантираше.

воопшто не. ние сме среќни што имаме одлична група на стјуарди низ сите овие години и јас и било кој не може да им каже што да прават, како да одлучуваат и да става притисок над нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ