Маси го објасни јавувањето на Волф

На трката за Големата награда на Шпанија, слушнавме ретко јавување на Тото Волф до Мајкл Маси. 

Слушнавме како Тото Волф се жали за сини знамиња за Никита Мазепин откако русинот многу бавно се тргаше од тркачката линија по која јуришаа неговите возачи. Дури и Маси изјави дека многу ретко го слуша Волф на радио. 

Да бидам искрен, многу ретко го слушам Тото на радио – призна австралијанецот.

Формула 1 досега нема објавувано радио пораки од тимовите до Контрола на трка. 

Ова е нешто на што работиме со ФИА и Формула 1. Всушност, се започна на состанокот на Формула 1 комисијата минатата година каде се договоривме ова да се случи. Формула 1 групата преку нивните преноси започна да тестира дали ќе биде интересно за гледачите. 

Не е прв пат Волф да го слушнеме ненадејно на радио. На претходната трка слушнавме охрабрувачка порака за Валтери Ботас за која тој се пошегува дека не го добил позитивниот ефект што го очекувал. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ