Маси задоволен од своето деби

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, е среќен и задоволен од работата што ја завршил во својата премиерна година “идректорување“ во врвната моторспорт тркачка серија.

Маси доби огромна одговорност да го замени легендарниот Директор за трка на спортот, Чарли Вајтинг, откако тој прерано почина на 66-годишна возраст во пресрет на тркачкиот викенд во Мелбурн, односно отварањето на тркачката сезона.

Маси со својот тим доби тешка задача да ја пополни празнината која зад себе ја остави Вајтинг кој самиот извршуваше многу функции во текот на еден тркачки викенд. По проба од неколку трки, австралијанецот Маси ја доби довербата да ја доработи цела сезона како главен на патеката.

уживав сезонава. кога ќе се вратам во сиднеј и со семејството ќе го минам божиќ и новогодишните празници ќе имам време да размислам што се случувало сезонава затоа што немав шанса да се посветам на сработеното до сега.

од многу причини годинава беше работа, работа и само работа и среќен сум со сработеното затоа што дадов се од себе и научив колку што можам повеќе од секој поединечен настан. сите разбираме и се согласуваме дека ова е многу сложена индустрија во која се наоѓаме, но и индустрија во која уживаме и на која сме багодарни поради се што ни дава.

секогаш ќе има добри и лоши работи и одлуки кои нема да бидатр совршени, но така е секогаш – појасни маси.

Тој се осврна на својата домашна трка, Големата награда на Австралија која била најтежок настан да се одработи, најмногу поради смртта на Вајтинг.

тоа што се случи во мелбурн беше многу тажно поради тажниот спет на околности на многу нивоа. од мене доцна беше побарано да го изменаџирам најтешкиот настан во годината, трката во мелбурн.

се на се немаше да успеам да ја завршам годинава без тимот од лушет околу мене, фиа и поддршката која ја добивам од секаде нашите пертнери во формула 1 група, сигте ме поддржуваа и ми помагаа.

има 20 возачи и 10 екипи и сите од нив ме поддржаа, ми помогнаа и без нив немаше да успеам годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ