Маси за Катар: Жолтите знамиња беа оправдани

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, ги поддржа маршалите кои ги покажаа жолтите знамиња по инцидентот на Пјер Гасли на квалификациите од Катарското Гранд При.

Знамињата беа развеани при излетувањето на возачот на АлфаТаури надвор од патеката во последниот летечки круг откако агресивно мина преку тротоар, го оштети предното крило кое потоа ја дупна предната десна гума од неговиот болид. Тој не застана, туку продолжи со цел да се помести од патеката и да остави простор за колегите да ги комплетираат своите кругови.

Првично беше развеано единечното жото знаме, потоа и двојното, а тројца возачи, Верстапен, Ботас и Саинз беа пријавени дека не ја почиувале развеаната сигнализација.

она што локалните маршали го направија е реагираа на ситуацијата која беше пред нив. видоа што се случи со пјер и инстинктивно предупредуваа на опасност.

со жолтите знамиња развеани крај патеката од нивна страна, тие не се под контрола на официјалниет лица туку се појавуваат поради она што реално се случува,

дали ќе се развиеа единечно или двојно знаме зависи од маршалите и тоа што го гледаат пред себе, тие судар од она што визуелно го има пред нив, затоа се на патеата.

локалните луѓе работат со жолтите знамиња, така било секогаш, исто како и со светлечките панели.

ефективно, работите кои не ги контролираат локалните маршали се безбедносното возило кое е центрано контролирано, виртуелното безбедносно возило и црвените знамиња и панелите со црвена боја. се друго е нивно – појасни маси.

Австралијанецот појасни дека им требало време по трката за да воочат кои од возачите не го почитувале знамето, а единствено Саинз од тројцата пријавени избегна казна.

ако сакате да видите каде биле болидите во тој момент, морате да ги гледате камерите од секој болид во топ 10 што и го направивме, а потоа следуваа податоците. јасно е дека за сето тоа е потребно многу време.

штом го сторивме тоа видовме кој и што направил и потоа следуваа казните од стјуардите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ