Маси: Исти стјуарди на секоја трка може да донесе пристрасност

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, смета дека исти сјуарди секој тркачки викенд потенцијално може да донесе пристрасност кон одредени тимови и возачи.

Стјуардите се менуваат на секоја трка во Формула 1, а Маси смета на тој начин се држат будни во врска со своите одлуки и фер однесување. Австралијанецот е свесен дека ротацискиот систем кој се користи во моментов има корист како за возачите така и за екипите затоа што се избегнуваат обвинувањата за пристрасност.

мислам дека беше очигледно точно она што беше кажано на нашите состаноци дека исти стјуарди на секоја трка може да донесе пристрасност. имаме повеќе стјуарди и имаме нивни претседател, редовно се состануваат и имаме одличен принцип на работа во моментов.

мораме да бидеме свесни дека за прв пат по подолго време сме дела од битка за титула помеѓу двајца неверојатни возачи и две врвни екипи. како регулатор реков и претходно, никој регулатор не е популарен и сакан, тоа не му е рабора.

секој судија е регулатор во спортот, тоа е работата која ја имаме ние и поради тоа секогаш сме малку понаку гледани. на крајот на денот, стајрдите мора да носат одлуки, а не да бидат сакани – посочи маси.

Поради некоклуте многу важни одлуки кои беа носени на трките во последно време, стјуардите и Маси станаа чеса тема на разговор. Особено интересно беше исклучувањето на Хамилтон од квалификациите во Бразил поради нелегалното крило, потоа дуелот на Макс и Луис на самата трка, но и казната за Верстапен во Катар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ