Маси: Мазепин беше казнет поради опасно возење

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, објасни зошто го казнил Никита Мазепин од Хаас на трката за Големата награда на Португалија. 

Русинот требаше да биде поминат од Серхио Перез за цел круг, возачот кој водеше на трката, но беше блокиран од Никита во третиот свиок кога мексиканецот се обиде да го престигне. Иако многупати му беа развеани сините знамиња, тој не ги послуша и доби казна од пет секунди. 

Со никита казната не беше само за сините знамиња. Повеќе беше за инцидентот кој можеше да го предизвика. Не беше толку поради сините знамиња што ги игнорираше – објасни маси.

Мазепин ги доби првите поени на неговата супер лиценца, но неговата позиција нема да е променета од казната. 

Никогаш не реков дека ќе биде лесно. Не очекував да е лесно, но осамено е на крајот на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ