Маси објасни зошто Хамилтон не бил казнет за возењето во “рикверц“

Директорот за трка на ФИА, Мајкл Маси, појасни зошто Луис Хамилтон не бил казнет и не бил под истрага поради возењето во “рикверц“ на средина од трката.

Актуелниот првак силно притискаше по промената на гуми да го стигне Макс Верстапен на средина од предвидените 63 кругви и додека минуваше Вилијамс аз цел круг, се излизга на Тоса и заврши со носот во оградата. Немајќи друго решение, проба “во рикверц“ да го заврти болидот за да се врати во трка. Маси посочи дека во Спортскиот правилник нема правило против возење во “рикверц“ за време на трка, единстено тоа е казниво ако се прави во боксот.

Сепак, правилата велат дека возачот мора безбедно д асе приклучи на патеката и да ја има ситуацијата под контрола, нешто што Маси смета дека Луис го направил.

анализирајќи го инцидентот во тоа време, со хамилтон во “рикверц“ на ивицата на патеката и слушајќи го радиото помеѓу него и тимот, му даваа совет и го наведуваа како да се врати во трка.

во точно тие околности на сила, повторен сличен инцидент не би пријавил на стјуардите – ја правда својата одлука маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ