Маси: Прифативме политика на “слободно тркање“

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, потсети дека ФИА прифатила далеку порелаксиран пристап во однос на казните на возачите.

На крајот на првата сезона без долгогодишниот директор за трка, Чарли Вајтинг, кој почина во пресрет на трката во Мелбурн, Маси одлично одговори на критикитите кои велеа дека стјуардите носат непостојани одлуки.

луѓето забораваат дека сите разговаравме за време на втората трка од сезоната во бахреин во врска со тоа што им значи на возачите слободно да се тркаат. сите беа вклучени на тој состанок, фиа, формула 1, тимските шефови и возачите – потсети маси.

Австралијанецот најави дополнителен напредок во таа област во текот на зимата.

се работи за долготраен процес и ќе имаме дополнителни дискусии во текот на зимата за да разговараме со екипите во текот на предсезонските тестови.

Уште една работа за која сериозно треба д се разговара е ДРС системот односно помагалото за претекнување и неговата ефикасност.

ќе провериме дали дрс ефектот е преголем или премал, дали претекнувањето е прелесно или претешко – најави маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ