Маси смирува: Џеда ги има највисоките безбедносни стандарди

Мајкл Маси, Директорот за трка од ФИА, воопшто не е загрижен за безбедноста на ултра брзата патека Џеда Корниш во Саудиска Арабија потсетувајќи дека истата ги има највисоките потребни безбедносни стандарди.

Работата на новата патека започна во Април годинава, а седум месеци подоцна ќе се одржи и првата Формула 1 трка. Дизајнот и констукцијата на патеката долга 6,1 километри со 27 кривини е на славниот германски дизајнер Херман Тилке. Близината на оградата до патеката не остава никаков простор за за грешка.

Загриженоста се појавува кај видливоста која некои сметаат дека ќе страда поради близината на оградата, огромната брзина, рефлекторите, пустинските ветрови и близината на морето. Но и покрај се, Маси не е загрижен затоа што автодромот ги има сите безбедносни сертификати потребни за организирање на Формула 1 трка.

од гледна точка на патеката, се е направено по највисоки безбедносни стандарди кои фиа ги пропишува. зад оградта, оној дел за заштита, изгледа неверојатно добро. падокот е прекрасен и има многу работо кои се извонредно направено. сепак, вообичаено е за секој нов настан на целосно нова патека која се гради “од нула“ да има некои сомнежи.

моторспорт федерацијата на саудиска арабија заедно со министерството за спорт завршија феноменална работа воградење на ова здание – пофали маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ