Маси: Стјуардите простуваат повеќе при судар на тимски колеги

Формула 1 директорот за трки, Михаел Маси, вели дека стјуардите имаат навика да простуваат повеќе кога има судар помеѓу тимски колега, алудирајќи на контактот помеѓу Шарл Леклер и Себастијан Фетел и фактот што не беше казнет возачот од Монако.

Леклер го удри Фетел во третиот свиок на првиот круг од Штаерското Гранд При, по што двата болида мораа да се откажат од трката. Стјуардите одлучија да не доделат казна.

Дефинитивно влијае тоа што се тимски колеги. Тоа се зема предвид, Но не знам дали е одлучивачкиот фактор во било која насока. Сме биле сведоци на инциденти помеѓу колеги кои биле казнети, но веќе повеќе години тоа се зема предвид. Мислам дека зависи од тоа колку е сериозен инцидентот – појасни маси.

Стјуардите го истражија и контактот помеѓу Строл и Рикардо, во кој двајцата излетаа од патеката, а возачот на Рено го опиша маневарот како “очаен“. Сепак, ни во тој случај не беше доделена казна.

Во тој случај ниту еден возач не беше повеќе виновен од другиот за инцидентот. Возач треба да биде целосно виновен и во поголем дел, а според стјуардите тоа не било случајот и затоа не доделија казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ