Маси: Ф1 сеуште нема подобро решение за истечено масло

Директорот за трки при Формула 1, Мајкл Маси, вели дека сеуште нема подобро решение за истеченото масло на патеката од истурање на прашина од цемент.

Маси имаше неколку интересни моменти во последната тренинг сесија на Унгарското Гранд При кога патеката мораше да се регулира по истекување на масло од трката во Формула 2.

Иако количината на смесата изгледаше премногу, Маси смета дека тоа е сеуште најбрзиот начин да се справат со проблемот и болидите да може да возат повторно.

Моментално тоа е фантастично решение и функционира, едноставно функционира.

Тоа е нешто што се користи ширум светот многу долго време. Во овој момент, нема подобра солуција. Знаевме дека ќе има голема прашина во првите неколку кругови, како што видовме на ТВ, но пред многу години сфатив дека веднаш штом неколку болиди поминат над тоа, се е во ред.

Имаше можеби истекување колку ширина на болид при влезот во свиокот, се до излезот и ивицата. Не беше мал дел и поради тоа беше инволвиран толку многу да се погрижиме за проблемот што побргу.

Сакав да се осигурам дека има доволно количина над истеченото масло, се додека не сме среќни со исходот. На крајот, проблемот беше решен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ