Матешич најави останување во Ф1

Дитрих Матешич, сопсвеникот на Ред Бул, откри дека само детали треба да се договорат со Формула 1 пред да го потпишат договорот и да се обрзат на Гранд При тркањето и во иднина.

конкорд договорот сеуште не е потпишан, но се работи само на неколку детали и не очекувам никакви проблеми. се сеќавам кога порано се тркавме без никаков договор, но сега се е подготвено за потпис – најави австрискиот милијардер.

Австриското Гранд При кое е под целосно покровителство на Ред Бул има договор кое го покрива само овогодинешниот настан.

веројатно ќе продолжиме затоа што секогаш гледавме на тој проект долгорочно. го продолживме договорот со мотогп на дополнителни пет години, чејс кери сака да работи со нас и сака да останеме во календарот така што нема да биде голем проблем.

Многумина сметаат дека Ред Бул и Хонда имаат сериозни шанси годинава, а дека сериозно ќе нападнат за титула смета и Матешич.

јасно е дека имаме големи очекувања од сезонава. нашиот партнер хонда заврши одлична работа во текот на зимата, а тестираа на динамометарот како никогаш претходно. моторот ни овозможува да бидеме на чело во однос на перформанси и издржливост.

континуитетот е исто така важен, а сите на клучните позиции остана во тимот. проблемите кои ги имавме на почетокот од 2019 година повеќе нем да ги има.

продолжувањето на хонда во формула 1 зависи и од нас и сеуште имаме две цели години со нив пред да донесеме одлка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ