Матијас Лауда прави се за Ники да биде горд

Матијас Лауда, син на починатиот трикратен шампион во Ф1, Ники Лауда, се надева дека сеуште може да го направи својот татко горд на неговите постигнувања.

Моторспорт светот загуби голема легенда во Мај 2019 година откако Ники почина по долг период на отежнато здравје. Неговото отсуство сеуште се чувствува, но Матијас, кој најмногу се тркаше во Светското Првенство на Издржливост на ФИА за Астон Мартин Рејсинг во ЛМГТЕ Ам класата, сака да донесе уште поголем успех за неговото семејство.

Кога се будам наутро сеуште не можам да верувам дека тој е легенда во моторспортот. Мислам на него секој ден. Веќе изминаа осум месеци откако замина и тогаш започнав ново поглавје во мојот живот. Ќе направам се за тој да биде горд.

Моторспортот беше се за мојот татко. Тој започна многу млад без подршка од неговите родители и освои три титули во формула 1. Тој беше единствен возач кој не се откажа по ужасната несреќа и се врати да ја освои титулата.

Акциите кои тој ги имаше во екипата ќе се вратат на Мерцедес по 2020 година. Нема да се пренесат на друго семејство. Тоа веќе беше договорено во договорот пред неколку години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ