Маурицио Аривабене суспендиран две години во фудбалскиот свет

Поранешниот тимски шеф на Ферари и актуелен директор во Јувентус, Маурицио Аривабене, е суспендиран на две години во фудбалскиот свет.

Како извршен директор на Јувентус, поранешниот тимски шеф на Ферари е делумно одговорен за неправилностите околу финансиите на клубот и за манипулациите со трансферните трошоци на фудбалерите. Уште пред да замине од Ферари, Аривабене беше во бордот на директори на Јувентус. Во средината на 2021 година, тој зазеде позиција со полно работно време во Торино.

65-годишниот италијанец првично ја презеде работата како шеф на фудбалските операции, но само неколку месеци подоцна беше унапреден во Извршен директор на клубот. Во Ноември 2022 година, Аривабене, како и неговите колеги директори, поднесоа оставка од своите должности во Јувентус кога беше откриено дека е покрената истрага.

Аривабене беше на чело на Скудерија Ферари помеѓу 2014 и почетокот на 2019 година. Поради разочарувачките резултати, тој на крајот мораше да замине. Сега веќе заминатиот Матиа Биното беше негов наследник во тоа време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ