Мафеи најави скапи реклами за Лас Вегас

Главниот извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, најави скапи реклами за Големата награда на Лас Вегас која премиерно ќе се вози кон крајот на оваа сезона.

Патеката ќе минува по познатиот Стрип во центарот на градот пред сите најголеми хотели, а настанот ќе биде прва Гранд При трка во Сабота во историјата на спортот и ќе се вози во 22 часот по локално време.

мислам дека во лас вегас има многу можности и токму таков град може да биде одличен а почеток на промоција на трки од наша страна.

може да има нови спонзори само поради тоа што се работи на вегас, ионака последните три години имаме три пати повеќе спонзори, а очекувам нашиот комерцијален шеф повторно да го дуплира спонзорството и периодот кој следув – најави мафеи.

Трката во коцкарската престолнина ќе биде трета во Формула 1 календарот во САД оваа година, откако Мајами е на програмата во Мај, а по летната пауза се вози трка и во Тексас.

мислам дека штом ќе го имаме настанот во вегас, ќе имам сосема нова перцепција за формула 1 во америка што е наш најважен пазар во однос на спонзорите.

ноќната трка во центарот на градот ќе биде историска, а со оглед на времето во кое ќе се одржи, мислам дека нема да има многу луѓе кои ќе го пропуштат настанот. ќе биде на секое можно популарно тв шоу во сад и ќе започне нов циклус на интерес за спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ