Мафеи: Нема да ја продадеме Ф1 на саудијците

Главниот извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, изјави дека не планираат да го продадат спортот на Саудиска Арабија. 

Претходно се зборуваше дека Формула 1 треба да се продаде на инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија за неверојатни 20 милијарди долари. Шпекулациите се зголемија откако и Мохамед бен Сулајем изјами дека треба добро да се размисли за таквата понуда. 

Било кој потенцијален купувач мора добро да размисли при купување и да мисли за доброто на спортот. Наша цел е да размислиме каков удар ќе има тоа врз промотерите и зголемувањето на учеството и другите комерцијални трошоци – посочи мафеи.

Американецот сепак отфрли било какви гласини за продавање од страна на Либерти. 

Зошто би сакале да го продадеме и да платиме корпоративен данок? Мислам дека треба да се спречи понатамошна дискусија дека нашите пријатели од Саудиска Арабија ќе го купат спортот наредната недела или слично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ