Мајами било враќање во реалноста за Мекларен

Од Мекларен велат дека Гранд При трката во Мајами била враќање во реалноста за тимот по двојните поени кои ги освоија претходната недела во Баку.

Тимот од Вокинг имаше тешки квалификации откако двајцата нивни возачи беа елиминирани уште во првиот квалификациски дел, а се мачеа и на трка и беа на опашката од поредокот.

патеката едноставно не ни одговараше, кривините не беа добри за нашиот болид, а исто и температурата и асфалтот, така што имаше малку работи кои беа добри за нас – изјави андреа стела, тимскиот шеф.

Проблематичната трка во Мајами дојде кусо откако донесоа новини во Баку и завршија на 9то место со Норис.

резултатот од мајами по пристојните перформанси и резултат од баку беше враќање во реалноста. информациите кои ги добивме ни помогнаа да разбереме која разовјна насока треба да ја одбереме за да го подобриме болидот.

во моментов болидот не е добар во услови какви што имаше во мајами, на такви патеки ограничувањта ни с епреголеми и мораме многу брзо да го спроведеме она што сме го научиле.

Не тимот не му помогнаа ни проблемите со системот за сопирање на болидот на Оскар Пиастри.

тој ја одработе цела трка со проблем со системот за сопирање, односно хидрауличниот дел и покрај тоа одлично се носеше со проблемите. откако ги закочи тркалата 3-4 пати, сфати дека требаше да го адаптира начинот на кочење и тоа значеше послаби перформанси за него.

Поради лошите квалификации, Мекларен се решија за почеток на трката со меки гуми, а Норис тоа одлично го искористи рпед да биде удрен од Ник де Врис.

ни требаше силен старт викендов, а ландо уште од самиот почеток доби неколку позиции, но потоа беше удрен од де врис и вратен назад во поредокот.

ни требаше силна деградација затоа што имавме два нови сета тврди гуми, но истите бавно се трошеа и сите завршија со само еден сет најтврди гуми. ни требаа и непредвидени работи како безбедносно возило, но тоа не се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ