Мајами: Доминацијата на Ред Бул продолжува, повторно 1-2 триумф

Макс Верстапен стигна до својата 38ма победа во кариерата и го освои најбрзиот круг на трката во Мајами откако стартуваше од 9то место и му требаа само 15 кругови за да дојде до втора позиција.

Триумф 1-2 повторно за Ред Бул со 82от подиум за Верстапен и 30от за Перез што ќе ги донесе “биковите“ на 243 подиуми и 97 победи. Фернандо Алонсо повторно трет, три четири пати на првите пет трки за 102ри подиум за него, само еден помалку од Кими Раиконен.

Во пресрет на стартот на трката, имаше голема разноликост во однос на гумите, иако најголем дел од возачите се решија да тргнат со медиум. Од најбрзите 10 единствено осмопласираниот Окон и деветопласираниот Верстапен се решија за најтврдата компонента, додека Ландо Норис и Оскар Пиастри, возачите на Мекларен, решија да бидат брзи на почетокот и тргнаа на софт.

Немаше проблем кај топ 3 возачите по стартот, губитник беше Кевин МАгнусен кој загуби три позиции, а добитник беше Пјер Гасли кој стигна до 4то место на крајот од првиот круг. Позиција напред отиде и Шарл Леклер.

Во 3от круг, Кевин Магнусен успеа да си врати една загубена позиција претекнувајќи го Шарл Леклер, кој две кривини подоцна си го врати местото. Но, следуваше ДРС зона кога од позадина Верстапен ги мина двајцата на еден правец. Тоа значи дека актуелниот првак стгигна до 6то место на почетокот од 4от круг.

Во 8от круг, Макс Версташен го мина Џорџ Расел за 5то место, овој пат, за разлика од спринтот во Баку пред 7 денови, дуелот беше чист како солза, а Ред Бул беше пребрз за Мерцедес. Следнот круг, повторно со помош на ДРС, Верстапен го мина и Пјер Гасли и дојде до 4то место, а една кривина подоцна и Џорџ Расел го нападна и лесно го мина французинот, превземајќи го неговото 5то место.

Во 13от круг повторно дуел Леклер против Магнусен за 7мо место, Шарл мина, данецот ја врати позицијата и така продолжија залепени еден зад друг. Два круга подоцна Магнусен влезе во бокс како седмопласиран и излезе 10 позиции поназад.

Следниот круг број 14 беше моментот кога Макс Верстапен со ДРС го нападна и мина Карлос Саинз за 3то место и веднаш се впушти во потера по Фернандо Алонсо кој беше многу блиску. Следниот круг Макс прелесно и преедноставно, како и сите досегашни кругови, мина и крај Фернандо Алонсо, така што по 15 кругови на патеката напредна 7 позиции и го имаше само колегата Перез пред себе на нешто повеќе од 3 секунди.

Гасли и Ботас кои возеа во топ 10 влегоа по нови гуми во 16от круг и монтираа сет хард гуми, откако трката ја почнаа на медиум.

Во 18от круг, Џорџ Расел и Шарл Леклер, кои се возеа еден зад друг и од 5то и 6то место се вратија на патека на 12та односно 15та позиција. Круг подоцна и Карлос Саинз влезе по нов сет хард откако беше преблиску до Алонсо, повторно не успеа да мине и реши да не троши повеќе време. Шпанецот се приклучи на трката на 7мо место.

На Саинз му требаше само еден круг за да со ДРС го мине Луис Хамилтон и да врати една позиција, да дојде до 6то место. Следниот круг Карлос го мина и Нико Хулкенберг за 5то место, зад Чеко Перез кој тогаш се врати на патеката со нови гуми.

20от круг круг беше моментот кога Серхио Перез влезе да го промени својот стартен медиум сет за нов хард сет и сето тоа беше направено за одлични 2,2 секунди. Секако, водството му го препушти на Верстапен.

Во 23от круг нов шок за Ферари, Карлос Саинз доби казна од 5 секунди за пребрзо возење во боксот. Два круга подоцна, Фернадно Алонсо влезе по свежи гуми и на излегување загуби позиција од Саинз, но брзо почна да го напаѓа. Во 27от круг Нандо доста лесно го мина Саинз за 4то место.

Во 30от круг, Алонсо го мина Естебан Окон од Алпин за 3то место, а малку подоцна истиот круг, тоа го направи и Саинз, позиционирајќи се на 4то место. Сепак, три кругови подоцна, французинот, иако со стартните гуми, си ја врати позицијата, но тоа траеше само круг пред Саинз повторно да мине во 34от круг. Два круга подоцна, Окон загуби уште едно место откако Окон беше минат од Џорџ Расел.

Во 37от круг, Џорџ Расел го нападна и мина Карлос Саинз за 4то место, а во истиот момент жестока борба водеше и другото Ферари, Шарл Леклер се тркаше против Кевин Магнусен. На почетокот на следниот круг моначанецот конечно мине и дојде во позиција за освојување поени.

Крајот на 45от круг конечно беше моментот кога Макс Верстапен доби свежи медиум гуми откако остана последен со стартните гуми на патеката. Промената кај холанѓанецот траеше 3,1 секунди. Актуелниот првак и лидер во шампионато се приклучи на патеката 1,6 секунди зад својот колега.

Во 47от круг, Верстапен се обиде жестоко да го мине колегата, не успеа на почетокот, Чеко затвори, но следната кривина Макс повторно нападна и си го врати водството на трката.

Во 53от круг Шарл Леклер го нападна Пјер Гасли кој плашејќи се да не загуби позиција прдоцна закочи на првата кривина, што беше доволно моначанецот да му го превземе 6то место, веднаш зад својот колега Саинз. Неколку кривини подоцна и Луис Хамилтон го мина Пјер Гасли.

Следниот круг Шарл Леклер загуби позиција од Луис Хамилтон чиј болид оживеа како што одминуваа круговите и додје до 6то место.

Доминантен 1-2 за Ред Бул, а Алонсо повторно претплатен на своето 3то место. Џорџ Расел со одлично возење до 4то место пред Карлос Саинз кој и порај казната направи доволна предност за да остане 5ти. Луис Хамилтон со претекнувњето над Леклер при крајот од трката додје до 6то место пред моначанецот, а конечно добар викенд за Алпин со двојни поени, Гасли 8ми, Окон 9ти. Одлична трка имаа Хаас која беше наградена со 10то место на Магнусен и поен.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ