Мајами објави нова конфигурација на патеката

Организаторите на Големата награда на Мајами објавија нова мапа со последна верзија на предложената патека околу Хард Рок Стадионот, конфигурација која нема да користи јавни патишта што беше главна пречка за одржување на настанот. Ветено е и дека нема да има никакво тркање додека траат школските часови откако станаа силни жалбите за бучавата, вревата и загадувањето на воздухот кои ќе се случува.

Оваа новина доаѓа во пресрет на клучниот состанок во локалната управа која треба да даде зелено светло за трката. Мапата беше откриена на Твитер од Том Гарфинкел, Претседател и Главен извршен директор на Мајами Долфинс НЛФ тимот и организацијата на трката. Тој има тркачко искуство и поради тоа што бил Извршебн претседател на Чип Ганаси Рејсинг и промотер на Формула 1 трка.

формула 1 гранд при на мајами ќе ги отслика мајами – дејд и мајами гарденс низ светот. погледнете ја новата патека, првокласна е крај 199та улица и нема да има трка за време на школските часови. се надеваме дека локалната комисија ќе не поддржи во овој настан со огромен потенцијал – напиша гарфинкел.

Првичната верзија на патеката околу стадинот користеше половина милја од 199та улица која беше изграден како дел од проектот за стадинот, но сепак е јавен пат. Со нејзино избегнување, организаторите се надеваат дека ќе решат еден голем проблем на локалното население околу користењето на јавната инфраструктура. Сепак останува пробленот што локалната власт во таа област го нема автомобилскиот спорт на листата на довзолени активности во тој дел од градфот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ