Мајами преговара за ноќна трка

Организаторите на трката за Големата награда на Мајами преговараат со шефовите на Формула 1 за организирање на ноќна трка. 

Формула 1 се труди да донесе нови идеи и сега се размислува за Мајами да стане ноќна трка. Том Гарфинкел кој е менаџер на Мајами Гранд При, изјави дека разговарале за ноќна трка. 

Имавме некои дискусии за да го направиме тоа, Но времето е непредвидливо и може да има ветер иако минатата година беше неверојатно топло. Има повеќе фактори за таа одлука и зборуваме со Формула 1 и телевизиите, Но сме отворени за тоа. 

Еден од факторите за тоа Мајами да не е ноќна трка е временската разлика со Европа поради што гледаноста на “стариот континент“ ќе биде мала. Мајами е пет часа разлика со Лондон додека Лас Вегас е осум часа и ноќна трка е возможна бидејќи ќе биде рано во недела наутро во Европа. 

Не сме во позиција да донесеме одлука, но ги разгледуваме можностите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ