Мајами сака да го задржи датумот во Мај

Од Мајами бараат да го задржат истото место на календарот и во иднина по успешното деби на трката овој месец. 

Во Мајами се одржа трка каде беа продадени сите карти. Тоа беше значаен момент за растот на Формула 1 во Америка и одлична подготовка и најава за втората трка во Остин која треба да се вози во Октомври. Третата трка во Америка ќе ја гледаме наредната сезона во Лас Вегас кон крајот на година. 

Шефот на Мајами Гранд При, Том Гарфинкел, изјави дека сакаат да го задржат датумот во Мај. 

Имаме и тениски турнир и сакам да е во истиот месец. Можеби недела порано или подоцна во зависност од тоа што е организирано таа година, Но мислам дека овој датум ни одговара. 

Сеуште нема датум за трката во Лас Вегас, но се верува дека тоа ќе се случува во Ноември следната година и тоа во Сабота.  Трите трки во Америка се во различни временски зони и се очекува различна публика. 

Не знам колку е значаен датумот. Добро е што имаме три трки. Возбуден сум за ноќна трка во сабота навечер.

Во Вегас ќе биде одлично. Мислам дека тоа е фантастично за Формула 1 и Америка воедно. Публиката и интересот расте и многумина уживаа тука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ