Мајк Крак е нов шеф на Астон Мартин

Поранешниот шеф на БМВ Моторспорт, Мајк Крак, е назначен за нов тимски шеф на Астон Мартин во Формула 1 откако местото остана празно со заминувањето на Отмар Шафнауер минатата недела.

Крак имал слична кариера како и шефот на Мекалрен, Андреас Сеидл, откако работеше за БМВ ов Формула 1 на почетокот на кариерата, а потоа промени тркачки серии. Стана дел од Заубер во 2001 година и стигна го позицијата на главен инженер во ерата на фабричкиот БМВ, така што има искуство во работата со Себастијан Фетел, актуелен возач на Астон Мартин.

Замина од Заубер во 2009 година и работеше во Формула 3 и во ДТМ пред да стане дел од Порше ВЕЦ тимот и беше аздолжен за инженерингот на патеката до 2012 година, работејќи заедно со Сеидл. Се врати во БМВ како инженер во 2014 година и стана главен за тркачкиот и тестирачкиот инженеринг во 2018 година.

Тој ќе одговара на Главниот извршен директор Марти Витмарш и секако сопственикот на тимот, Лоренс Строл. Марцин Будковски кој вчера беше отпуштен од Алпин, беше споменуван како нов шеф на Астон, но тоа не се оствари.

астон мартин е еден од најголемите автомобилски брендови во светот. да се биде поканет да се предводи таков тим до успеси на патеката на име со толку богата моторспорт историја е нешто што планирам да му се посветам со целата енергија и ентузијазам.

работам во моторспортот повеќе од 20 години, работев во формула 1 со себастијан фетел во 2006 и 2007 година кога бев дел бмв заубер, а тој беше тест возач на екипата. имам огрона почит за неговата брзина и неговата способност и ќе биде фантастично што повторно ќе работам со него. ленс строл е исто така сериозно брз и талентиран возач со 100 гранд при трки зад себе и нетрелив сум да работам со него.

секогаш ме импресионирал тимот од силверстон затоа што е полн со талентирани луѓе и вистински тркачи. таквата култура и вредности се она што е потребно да се успее во моторспортот, тоа го знаат и моите нови колеги од астон мартин. работиме неверојатно напорно и сакаме да победиме, а заедно и ќе победиме – изјави крак.

Првиот човек на компанијата, Мартин Витмарш, на ова додаде:

мајк крак е токму таква динамика и модерен тимски шеф како што ни е потребнен во работата со тимот и со мене и лоренс. нашиот персонал се повеќе се зголемува со нови и посветени вработени кои треба да испорачаат титула која астон мартин ја очекува.

тој има искуство на многу позиции во бмв и во порше, има инженерска работа зад себе во формула 1 со заубер и тоа му носи мешано искуство за да биде идеален избор за нас.

работи одлично со возачите, тоа му беше приоритет во неговата улога во бмв во последните години, но работи и со инженерите затоа што го зборува нивниот јазик.

Газдата на тимот, Лоренс Строл, додаде:

секоја недела носиме брилијатни млади луѓе во тимот, новата фабрика односно нејзината изградба напредува одлично, имаме фантастични спонзори и партнери и веќе влегуваме во втората година од петгодишниот план за стигнување до титула.

мајк ќе има централна и водечка улога, ќе му одговара на мартин витмарш и ќе работи со главните технички и оперативнии личности во тимот. на добар пат сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ