Мајландер за карактерот на возачите зад безбедносно возило

Официјалниот Формула 1 возач на безбедносното возило, Бернд Мајландер, откри дека Луис Хамилтон дефинитивно е најнапорниот и најагресивниот возач кога е зад него и на чело од колоната.

Возачкото место во безбедносното возило му припаѓа на Мајландер веќе 20 години, поточно од 2000 година, а на Гранд При трките им извозено над 700 кругови. Поранешниот ДТМ тркач нема воопшто лесна работа затоа што неговиот АМГ ГТ-Р треба максимално да форсира за да дојде на некое ниво за Формула 1 болидите да може да имаат загреани гми.

Чести се поплаките од страна на возачите дека безбедносното возило се движи бавно, но тоа е само споредено со болидите.

михаел шумахер секогаш беше мирен дури и тивок. валтери ботас е ладен и секогаш стои на иста дистанца од возилото, а никогаш не притиска ниту макс. нико розберг исто така редовно беше многу тивок зад мене и секогаш на исправно расојание. жесток и агресивен беше себастијан фетел кој беше блиску со луис кој секоаш е најжесток – открива мајландер.

Тој дополни дека кога вози пред Хамилтон често го губи од видик на ретровизорот поради неговиот агресивен стил зад безбедносното возило.

морам да кажам дека понекогаш е тешко со луис зад мене затоа што секогаш ме притиска, забрзува и кочи, вози лево-десно и многу се доближува до мене. буквално како да сака да ме притисне да возам побрзо, но таков е неговиот стил и ќе направи се само за да ја задржи температурата во гумите за да биде брз штом се повлечам јас.

чудно е кога тој ве следи затоа што некогаш го губам од ретровизорот и не знам дали е лево или десно од мене или пак влегол до мене и ми е во мртва точка.

Мајландер откри и дека кога возачите го притискаат и тој дава се од себе со автомобилот, како што беше случај на Португалското Гранд При, неговиот круг е побавен за 40-тина секунди од она што го возат болидите.

формула 1 болидите комплетираа круг на трка за околу 1 минута и 17 секунди во португалија, а квалификации и 2-3 секунди побрзо. мој најбрз круг исто така со нови гуми беше 1 минута и 58 секунди, така што разликата е голема.

ние секогш мериме во километри, а разликата е помеѓу 8-9,5 секунди по километар. тоа е друг свет, формула 1 е како да се споредуват авиони како убав приватен авион против воен стајфајтер, летаат, но со различна брзина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ