Медиумите гледаат реална шанса Расел да го замени Хамилтон

Луис Хамилтон и Мерцедес сеуште не потпишаа договор кој значи продолжувње на соработката во иднина, така што медиумите стануваат се погласни околу можност седумкратниот Формула 1 првак уште сезонава да биде заменет со младиот британец, Џорџ Расел.

Има уште девет недели пред почетокот на новата сезона, а на “сребрениет“ им недостасува потврден возач затоа што под договор го имаат само Валтери Ботас, иако не пропуштаат да откријат дека договорот на Луис е само прашање на време.

Минатата догина беше последна од третиот договор на британецот со екипата, а се очекуваше продолжувањето на соработката да биде официјализирано непосредно по послендата тка во Абу Даби.

Очекувањата на Хамилтон се плата поголема од онаа што ја зема до сега која според некои медиуми изнесува 70 милиони долари и договорна обврска за следните три години, но Даимлер не се подготвени да му плаќаат толку многу, особено откако стана јасно што за многу помалку пари истата работа ќе им ја “брка“ и Џорџ Расел. Дополнително, тимот не е подготвен да му дде тригодишен договор на возачот.

џорџ расел буквално го уништи планот на хамилтон и може да го донесат за максимум 10 милиони долари. светот гори, ништо не е сигурно така што бизнис моделот на формула 1 екипите и прекумерното трошење повеќе не е “во игра“ – изјави поранешниот возач и сегашен коментарот, кристијан алберс за холандски de telegraaf.

Медиумите шпекулираат дека доколку Луис не се откаже од своите мегаломнански барања, многу лесно може да се случи да биде заменет од Џорџ Расел уште оваа сезона.

Поранешниот Формула 1 шеф, Берни Еклстон, смета дека целата ситуација околу договорот на Хамилтон е намерно дизајнирана драма за да ја направи паузата помеѓу сезоните поинтересна.

ова е само шоу за да името на хамилтон и мерцедес останат присутни во медиумите во текот на паузата – смета господин е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ