Мекиес бара жестоки казни за “трошачите“

Главните ривали годинава на Ферари, Ред Бул, се шпекулира дека се тимот која “на големо“ ги пречекорил лани дозволените 145 милиони долари буџет.

Спортскиот шеф на Ферари, Лорен Мекиес, очекува одлучна и жестока акција од ФИА ако некоја екипа го пречекори ограничениот буџет. Ред Бул и Астон Мартин се вели дека претерале со трошењето минатата година откако ФИА откри дека месецов ќе ги објави резултатите од анализите на финансиските извештаи на екипите.

Тото Волф побрза да осуди било какво прекумерно трошење лани, што е и јасно откако во последниот круг од последната трка загуби титула од Ред Бул, а Кристијан Хорнер побрза да открие дека тој не знае оти неговиот тим претерано трошел.

се работи за многу сериозна работа и поради очекуваме строго следење и целосна транспарентност од страна на ФИА на која 100% и веруваме. вистина е дека претерано трошење може да има далекусежни последици и поради тоа ние многу сериозно гледаме на ова и очекуваме казни од ФИА при евентуални прекрошци.

како и да е, во последно време фиа многу силно дејствува, а сметаме дека се најповикани за овој проблем во моментов. сакаме транспарентно натпреварување и исти правила за сите – побара мекиес во својата изјава за италијански скај.

Тој посочи и дека потребно е да се пресмета висината на пречекорувањето пред да биде изречена казната.

најважно е да се пресмета колку е пречекорен буџетот и какви придобивки тоа носело за минатата година, оваа година, но и следната. сето тоа мора строго да биде следено и транспарентно објавено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ