Мекиес смирува: Фетел сеуште ни е клучен

Спортскиот директор на Ферари, Лорен Мекиес, откри дека Себастијан Фетел има целосна поддршка од Скудерија.

Четирикратниот првак го загуби привилегираниот статус во Маранело откако лани беше често победуван од Шарл Леклер, по што возачот од Монако доби нов долгорочен договор и со тоа стана главна надеж на италијанците.

Од друга страна, договорот на 32-годишниот германец истекува на крајот на оваа сезона, но Мекиес во својата изјава за Autosprint откри дека силно го цени возачот.

тој има природни водачки спобности во својата днк и е клучна личност во нашиот проект. секогаш ги наоѓа вистинските зборови за да смири и мотивира. на хартија, колку возач подолго е дел од тимот, толку можете повеќе да извлечете од него и тоа е вистина за себастијан – смета мекиес.

Сепак, минатата сезона Фетел ја почна како привилегиран број 1 возач во тимот, но како што одминуваа трките, Леклер напаѓаше по што Матиа Биното најави дека во 2020 година двајцата возачи влегуваат со еднаков статус.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ