Мекларен бара купувач за Централата во Вокинг, цена 200 милиони фунти

Мекларен Груп бараат начин за подобрување на финансиската состојба, а последен план е прибирање на 200 милиони фунти со продажба на Централата на компанијата оцирана во Вокинг.

Sky News тврдат дека Мекларен во соработка со агентот за недвижности Колиерс, почнале да бараат потенцијален инвеститор за -and-leaseback на Технолошкиот центар на Мекларен. Тоа значи дека инвеститорот би ги купил објектите, а потоа би ги изнајмил на Мекларен кои би продолжиле да бидат лоцирани таму.

Се очекува зделката да привлече интерес од страна на многу инвеститори во недвижности додека за Мекларен ќе значи подобрување на финансиската ситуација по неколку месеци прекин во производството на автомобили предизвиано од пандемијата.

Годинава Мекларен имаше докапитализација во милионски суми од своите основачи, а дополнително зема и заем од 150 милиони фунти од Националната банка на Бахреин.

Исто така Sky пренесува дека Мекларен ги ангажирале Голдман Сакс и ХСБЦ за советодавни услуги околу изнаоѓање на дополнителен капитал и рефинансирање на постоечкиот долг во текот на следната година. Се заговара и продажба на помал удел во тркачката дивизија, нешто од што очекуваат доста средства.

потенцијалната продажба и повторно изнајмување на нашето седиште како и назначувањето на банки кои ќе не советуват во процесот на реструктурирање на долгот и наоѓање на дополнителен капитал како дел од стратегијата за следната година.

ќе се надоградиме на краткорочните мерки во текот на летото, иницијативи кои ќе донсат посилни биланси ие ќе осигураат групацијата да има издржлива платформа за долгорочен раст и инвестиции. предложената продажба е најдобра пракса помеѓу компаниите и ќе ни помогне во секојдневното функционирање.

сите објекти во мекларен кампус се историски и светски објекти кои ќе останат наш дом и во иднина – гласи соопштението на мекларен.

Планот доаѓа многу скоро по подобрените перформанси на патеката од страна на тимот и нивното 3то место во моментов во конструкторскиот поредок. Минатиот месец компанијата пријави оперативна загуба за првата половина од годината во износ од 184 милиони фунти.

Со продажба на малцински удел во тркачката екипа и воведување на ограничените буџети, Мекларен се надеваат дека конкурентноста драстично ќе се подобри. На почетокот на годинава беше најавено дека Групацијата ќе отпушти 1.200 вработени, дел и од Формула 1 тимот.

Во Март, Бахреинскиот државен фонд Мумталакат кој е главен акционер на Мекларен ја докапиталзираше компанијата со 30 милиони фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ