Мекларен бара транспарентност од ФИА за Ферари

Мекларен побараа целосна транспарентност од ФИА околу деталите за менувањето на подот од страна на Ферари на неодамнешниот тест за гумите на Пирели на Имола. 

Според правилата, тимовите не смее да тестираат нови делови на ваквите тестови. На Имола, Шарл Леклер возеше со еден под на утринската сесија, додека Карлос Саинз возеше различна спецификација на под во текот на попладнето. Неколку тимови кои го забележаа ова и се пожалија пред ФИА која го разгледа предметот. 

Од Ферари било објаснето дека Леклер го оштетил подот и поради тоа што Ферари немале ист таков морале да го заменат за Саинз да може да вози на тестот. Од оваа одлука на ФИА не се задоволни тимовите и тврдат дека е јасно дека не смее да се менуваат делови и доколку тоа не е така тогаш бараат појаснување на правилата. 

МИслам дека е важно да веруваме на ФИА дека ги спроведува правилата на спортот. Колку што слушнав, тоа бил стар под. Можеби е така, Но важно е да веруваме дека тие ги следат овие работи. Пред неколку години имаа голем прекршок со моторот и ние не дознавме што било. Важна е транспарентноста – посочи зек браун, првиот човек на мекларен рејсинг.

Лорен Роси од АлфаТаури бара дополнително објаснување од ФИА. 

Не покажувам со прст бидејќи не е фер, Но потребна е транспарентност. Доколку некој погрешил, мора да знаеме што е исходот. 

Кристијан Хорнер сепак верува дека е помек за целата ситуација. 

ФИА потврди дека Ферари користеле под од предсезонскиот тест и тоа е јасно бидејќи болидите сеуште се развиваат, но на тестовите за гумите не смее да се тестира аеродинамички или делови за перформанси. Тоа не им е намената. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ