Мекларен верува дека ФИА ќе го следи копирањето

Главниот изршен директор на Мекларен, Зак Браун има целосна доверба во ФИА дека близу ќе ги следи правилата за копирање кои беа донесени минатата година. 

По контроверзниот болид на Рејсинг Поинт од минатата година кој целосно наликуваше на Мерцедес В11 од 2019 година, тие се одлучија да донесат правило за да се забрани копирањето. Беше донесена листа на дозволени делови и делови кои мора да се дизајнираат и произведат засебно и не смеат да се споделуваат. 

Се верува дека некои тимови користат посебен софтвер и напредна 3Д технологија за скенирање која сега е забранета. Но сепак, има тимски партнерства кои ќе мора да ги почитуваат овие правила. Браун верува дека ФИА ригорозно ќе ги спроведе овие правила. 

Има нови правила во игра. Ние сме сигурни дека ФИА ќе ги следи правилата и ќе ги спроведе. Ние сме независен тим, конструктор. Но има можност за соработка и доколку им требаме на ФИА ќе им помогнеме – најави американецот браун.

Тото Волф верува дека новите правила донеле дополнително појаснување за тимовите. 

Имаме систем во кој веруваме. Како што кажа Зак, има правила кои мора да се почитуваат. На крајот на годината тие беа појаснети.

Сите се обврзуваат на своја интерпретација и тоа не смее да продолжи. Има области каде е можна соработка, но има делови каде не смее да се случи тоа и верувам дека тимовите ќе имаат свој развој.

Некој дел од инфраструктрурата ќе се споделува и тоа може да има позитивен ефект на економијата, Но ја сфаќаме ситуацијата на Мекларен и правилата се тука за да се почитуваат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ