Мекларен го поддржува планот да се отстранат моторхоумовите

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, вели дека го поддржува планот на Формула 1 да отстранат екстравагантните моторхоумови кои тимовите ги носат на секоја трка во Европа.

Рос Браун од скоро изјави дека сака да се отстранат големите моторхоумови кои ги користат тимовите, што е дел од нивната иницијатива за заштита на околината и план да станат независни од карбон до 2030 година.

На промоцијата на болидот на Мекларен во Вокинг минатата недела, Браун истакан дека ја поддржува идејата да се намали користењето на големи моторхоумови.

Реалноста е дека работиме од привремени објекти почесто и се адаптираме прилично добро. Во Сингапур, Мексико, Абу Даби, Бахреин, сите имаат добри објекти. Мислам дека ќе ја поддржиме оваа идеја. Сакаме да разбереме што ќе биде обезбедно на патеките, бидејќи некои нудат подобри услови од другите.

Сакаме да се осигураме дека ќе имаме доволно простор за нашите спонзори, за нашите инженери, за нашиот тим И мислам дека тоа ја прави разликата за тркачките тимови.

Би сакал да имаме можност ако се преселиме во привремен објект да може да го подесиме за брендот на Мекларен да се разликува од другите брендови. Но тоа може да се направи, така што севкупно ја поддржуваме идејата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ