Мекларен Груп отпушта 1.200 вработени

Мекларен Груп ќе отпушти околу 1.200 свои вработени во своите дивизии за производство на автомобили, технологија како и тркачката екипа како дел од големото реструктуирање на начинот на функционирање на нивните деловни активности. Овој потег доаѓа во екот на пандемијата од Ковид-19 како и најавеното ограничување на трошењето од следната година.

Во својата изјава, Мекларен велат дека почнуваат процес на консолидација на компанијата во кој се очекува да има 1.200 отпуштања во различните компании од групацијата, а шпекулациите велат дека од Формула 1 тимот ќе се отпуштат околу 70 вработени, но детали сеуште нема.

жалиме што ова реструктуирање ќе има удар и врз нашите вработени особено жалиме за оние кои ќе ги загубат своите работни места. тоа е нешто што напорно работевме да го избегнеме откако превземавме драстични мерки за штедење во сите наши бизниси, но немавме друг избор освен да отпуштиме дел од вработените.

ова време е голем предизвик за компанијата, особено за нашите вработени, но планираме да излеземе од кризата како ефикасен и одржлив бизнис кој е на прав пат да се врати онаму каде што припаѓа – објасни пол волш, извршен претседател на мекларен груп.

Екипите во спортот минатата недела се договорија да го намалат буџетското ограничување од првично предвидените 175 милиони долари на 145 милиони долари, износ кој ќе се намалува дополнително во иднина. Ова сигурно ќе ги принуди големите екипи да отпуштаат вработени, но Мекларен веќе некое време притискаа да се намалат буџетит до 100 милиони долари.

мекларен рејсинг беше за воведување на ограничувањето на буџетите од 2021 година кое треба да создаде финансиски одржлива база за екипите и конкурентен спорт во иднина.

секако дека тоа ќе има удел врз формата и големината на нашиот формула 1 тим и поради тоа превземаме мерки за да можеме да се тркаме следната година согласно ограничувањата кои ќе важат со цел повторно да предизвикаме за победи и за титули во иднина – додаде волш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ