Мекларен задоволни од својата одлука за носот “а-ла Мерцедес“

Зек Браун, Главниот извршен директор на Мекларен, застана во одбрана на одлуката на екипата од Вокинг да проба нов нос на Тосканското Гранд При, налик на носот од болидот В11 на шампионскиот Мерцедес.

Мекларен беше “под лупа“ поради големите сличности со дизајнот на Мерцедес, а критиките беа кон тоа што токму тимот што беше гласен во жалбите за копирање од Рејсинг Поинт, направи речиси идентична копија од носот, повторно на Мерцедес.

Но, Браун вели дека има огромни и клучни разлики во тоа што тие го работеле во Вокинг и она што Рејсинг Поинт го прават во Силверстон.

како прво, тоа беше експериментален нос, а како второ, се што правиме во мекларен го дизајнираме и произведуваме самите.

мислам дека сите зборуваат како се црпи инспирација и се учи од колегите околу вас на патката. на крајот на денот, тоа е нос, не е цел болид, а имавме над 10 милиони цртежи за тој нос – откри зек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ