Мекларен има јасна цел, подобри квалификации

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, призна дека неговиот тим си поставил јасна цел по Шпанското Гранд При, а тоа е да ги подобри квалификациите со цел да ги победи Ферари.

Портокаловите продолжија онаму каде што застанаа лани кога го освоија 3то место кај конструкторите, а во моментов се на истата позиција со пет поени рпедност пред Ферари. Но, на последната трка во Шпанија тие освоија помалку поени од нивните ривали, прв пат оваа година, откако перформансите на Скудерија, особено на квалификациите беа импресивни.

Шарл Леклер стартуваше и финишираше на 4то место, додека Рикардо и Норис почнаа од 7та односно 9та позиција и напредуваа само по една позиција. На сите четири одржани трки до сега, секогаш имало барем Ферари подобро од Мекларен.

ако го погледнете овој тркачки викенд, мораме да прифтиме дека ферари бе посилни во трка, но ако ја погледнете досегашната сезона, ние мораме да се осигураме дека ќе бидеме побрзи во сабота. на крајот, ако сте слаби во сабота, имате многу тешка рабтота во недела. ако сакате серии во чист воздух без приситок од позади, тоа може само со добар старт и добар прв круг.

квалификациите се клучни за да бидеме на позициите кои сакаме во сабота. јасно е дека тоа е наша цел ако сакаме да освојуваме повеќе поени затоа што имаме потенцијал за тоа – појасни сеидл.

Тој смета дека силниот ритамна Ферари во Барселона не бил изненадување, но дополни и дека е заоволен од 12те поени кои Мекалрен ги освоил на трката.

ако почнете ов барселоан на 7мо и 9то место, а завршите на 6то односно 8мо, а ниту еден болид пред вас не се откажува поради проблеми, морате да бидете среќни и задоволни.

важно е што осоивме 12 поени на тркачки викенд каде ферари беше многу силен, а во исто време намалија и само 6 поени кај конструкторите. убаво е да се види така тесна битка особено со ферари и важно е да напредуваме на следните трки за да се задржиме во борбата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ