Мекларен и Рејсинг Поинт ќе може да користат резервен возач од Мерцедес

Две Формула 1 екипи постигнале договор со шампионскиот тим Мерцедес и ќе може да користат нивни резервен возач доколку се укаже потреба за тоа за време на оваа тркачка сезона.

Стофел Вандорн, поранешниот возач на Мекларен и сегашен Формула Е тркач е резерва во Мерцедес исто како и поранешниот пилот на Хаас, мексиканецот Естебан Гутиерез и освен работа во симулатор тие имаат задача да ги менуваат Хамилтон или Ботас доколку има потреба а тоа.

Потврдено е дека Мерцедес се договориле со Мекларен и со Рејсинг Поинт кои ќе имаат право да користат услуги на Вандорн или Гутиерез доколку има потреба за тоа. Мекларен и лани “се покриваше“ на овој начин откако се договори со Рено нивниот резервист, Сергеј Сироткин, да одработи за екипата од Вокинг доколку за тоа се појави потреба.

Последен пат резервен возач се појавил на трка во 2017 година кога Пол ди Реста го менуваше болниот Фелипе Маса во Унгарија.

Резервните возачи добија “на цена“ откако Чејс Кери најави дека доколку има позитивен Ковид-19 случај во некоја екипа без разлика дали е тоа механичар или возач, трката нема да биде откажувана.

Резервист во Ферари е возачот на Алфа Ромео Антонио Џовинаци, а во швајцарската екипа таквата улога ја имам Роберт Кубица. Ред Бул и АлфаТаури за “не дај боже“ ќе ги користат услугите на поранешниот возач на Торо Росо Себастиен Буеми како и Серџо Сете Камара. Во Рено менува Гуан Ју Жу, Хаас под договор ги има Пиетро Фитипалди и Луи Делетраз, додека резерва во Вилијмс е Џек Аиткен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ