Мекларен конечно дел од Управниот одбор на Ф1

Мекларен ќе им се приклучи на Ферари и Даимплер како дел од Управниот одбор на Формула 1. Тимот од Вокинг е втора најтрофејна екипа во историјата на спортот доби понуда место во Одборот уште во 2012 година кога Берни Еклстон бараше решение за склучување на нов Конкорд договор. Ферари и Даимпле ја прифатија понудата, но не и Мекларен.

Се чини дека нечленувањето во највисокото тело на спортот беше исклучиво поради внатрешните недоразбирања помеѓу главните акционери на тимот. Откако во Јуни Рон Денис го продаде својот удел од 25% во компанијата, првиот човек на ТАГ Групацијата, Менсур Оџех заедно со Претседателот на катарскиот фонд Мохамед бин Еса Ал Калифа, станаа единствени големи акционери во екипата.

Угледниот Forbes пренесува дека согласно последните информации од Мекларен, тие одлучиле Ал Калифа да биде нивни претставник во Управниот одбор на тркачката серија. ИСтиот се состои од 12 членови помеѓу кои Серџо Маркионе од Ферари и Бодо Уебер од Даимлер.

Како и секогаш, Ферари ужива одредени права кои ги немаат останатите членови на Одборот, вклучително и тоа дека може да влијаат врз заменувањето на Главниот извршен директор, во моментов Чејс Кери како и назначување на негов наследник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ