Мекларен му се извини на Саинз за уништената трка

Откако се квалификуваше на трета позиција за Штерското Гранд При, Карлос Саинз се надеваше на силна завршница на вротата трка по австриски Ред Бул Ринг. 

Тој имаше одлични квалификации на мокро во Сабота., но на суво му недостасуваше брзина и брзо беше поминат од Валтери Ботас на Мерцедес и Александер Албон на Ред Бул по што “падна“ на 5то место.

Така беше се до неговото застанување во бокс каде се задржа подолго од планираното поради проблем со промената на задната лева гума, а кога излезе на патеката беше на 13та позиција. Успеа да се врати до 9то место, но тоа не е резултатот што го очекувал.

Андреас Сеидл побрза да се извини на неговиот возач откако за “тимско добро“ му беше наредено да го повлече и да ја замени позицијата со Ландо Норис поради тоа што британецот имаше посвежи гуми и подобар ритам. Стратегијата на тимот се покажа многу успешна.

Имавме чудна трка посебно со боксот на Карлос каде ја уништивме неговата трка. Го вративме во гужва и тоа ги уништи неговите гуми и шанса за поени.

Сакам да му се извинам на него бидејќи не ја завршиме работата како што треба бидејќи наша работа е да им дадеме иста шанса на возачите за борба на патеката. Ќе го анализираме ова како тим и повеќе од Јасно е дека можеше да биде подобар – вели германскиот шеф.

Сепак Саинз ја става во предност тимската игра откако Ландо Норис имаше одлична трка и беше побрз од двајцата. Тој беше пропуштен од Саинз и подоцна ги престигна Рикардо, Строл и Перез за фантастично 5то место на крајот. На ова Сеидл додаде:

Јасно беше за Карлос дека се уништија неговите гуми и мораше да му дадеме шанса со Ландо кој имаше подобри гуми. Беше убаво да се видат двајцата како се борат за подобар резултат за тимот. 

При крајот Саинз влезе во боксот по софт гуми да го освои поенот за најбрз круг и успеа во тоа, што е одлично за тимот откако истото на првата трка го стори Норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ