Мекларен најде нов партнер во FAI Aviation Group

Зек Браун го одработува она за што беше донесен во Мекларен, а тоа е носење на спонзори и партнери во тимот со кој Вокинг би се вратил на победничките патеки.

Последни во низата нови партнери на тимот се FAI Aviation Group, германска компанија која нуди авионски услуги. FAI Aviation Group нуди ВИП чартер летови, менаџирање на авиони, воздушна амбуланта и одржување за Владини агенции.

Согласно дел од договорот, логото на FAI Aviation Group ќе биде видливо во внатрешниот дел од задното крило на МЦЛ35 болидот на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ