Мекларен немаат ништо против да ја почекаат одлуката на Ауди

Во Мекларен немаат ништо против да почекаат  одлуката околу евентуалниот влез на Ауди во Формула 1 пред да донесат одлука за соработка во иднина.

Тимот од Вокинг е често поврзуван за евентуална соработка со Ауди доколку брендот на Фолксваген Групацијата се одлучи да влезе во Гранд При тркањето кога новите правила за моторите ќе стапат на сила од 2026 година. Медиумите пренесуваат дека на потег е Бордот на Фолксваген кој треба да ја донесе конечната одлука околу влез во најпрестижната тркачка серија, а опциите се Ауди да работи со Мекларен или пак да го искористат Порше како партнер на Ред Бул.

Во свое обраќање пред одбрани медиуми во Вокинг, тој откри дека опцијата на Ред Бул со Порше напредува, а преговорите за нивна евентуална соработка со Ауди мируваат.

слушам дека ќе направат нешто со ред бул и порше како предводник, мислам дека разговараа со многу луѓе на гридот, но и ние разговараме. на кус и среден рок, среќни сме што сме со мерцедес и ќе видиме што ќе реши фолксваген за евентуален влез во спортот, тоа не е решено.

ако влезат во формула 1, ние ќе го испочитуваме најпрво договорот кој го имаме на располагање, а потоа ќе ги процениме опциите кои ги имаме и ќе донесеме одлука за од 2026 година – посочи браун.

Мекларен се врати во ергелата на Мерцедес минатата година како дел од долгорочен договор и ќе останат со нив до крајот на оваа ера на мотори. Веќе некое време се поставува прашањето дали муштериски тим може да стигне до титула, а Зек е убеден дека таква можност постои.

мислам дека можеме да победиме со мотор на мерцедес. знам дека веќе некое време се зборува дека не може да се освои титула со муштериски мотор, но ние сме убедени дека можеме да победуваме со мотор на мерцедес идентичен како и на фабричката екипа. не сме виделе нешто што вели дека тоа не е така.

секако дека имате мала негативна од целокупниот дизајн затоа што тие имаат целосна контрола како ќе изгледа архитектурата на моторот и тоа е така со муштериски тим. но, самиот мотор и знаењето за истиот се идентични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ