Мекларен нема да ги жртвува вработените поради Корона вирусот

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, е јасен дека нема да ги стави своите вработени во опасна и не посакувана позиција со ширењето на Корона вирусот, додека истиот се насочува и кон Виетнам.

Формула 1 во Среда објави дека ќе го одложи Кинеското Гранд При како резултат на Корона вирусот кој се прошири до 24 земји со преку 1.100 смртни случаи. Виетнам се граничи со Кина, што доведува до несигурност околу одржување на инагуралната трка во Ханои на 5 Април. Официјалните лица во Виетнам донесоа одлука селата во регионот Сон Лои да ги стават во карантин следните 20 дена откако беа откриени шест случаи. Селата се на 25 милји од Ханои, во област во која живеат 10,000 луѓе.

На промотивниот настан на Мекларен, Зек Браун изјави дека иако Формула 1 не гледа моментално ризик со трката во Виетнам, но ситуацијата сепак блиску се следи.

Очигледно здравјето на сите во Мекларен и ширум светот е од најголемо значење. Виетнам не е потенцијален проблем, но очигледно со населбите во близина мора да ја следиме ситуацијата. Дефинитивно не сакаме да ги ставиме нашите вработени во ризична ситуација. Не верувам дека и Формула 1 го сака тоа, така што како и остатокот од светот, ќе ја надгледуваме ситуацијата.

Запрашан дали членови на тимот покажале значи на грижа околу патување во Виетнам, Браун го истакна следното:

Често комуницираме со нашите вработени. Никој досега не искоментирал, бидејќи сме прилично проактивни при нашата комуникација. Мислам дека ќе мора да ја разгледаме ситуацијата како што ќе се развива. Но никогаш не би ставиле наш вработен во непосакувана ситуација против нивна волја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ