Мекларен не размислува за трансфер на О’Вард во Формула 1

Мекларен ќе направи анализа на претстојниот Формула 1 тест на Патрисио О’Вард во Абу Даби, но тимот вели дека приоритет им е мексиканецот да продолжи да настапува во Индикар во наредните години.

Шефот на Мекларен, Зек Браун, на О’Вард му вети тест во Формула 1, доколку победи на Индикар трка оваа година, предизвик што 22-годишникот го исполни  на Тексас Мотор Спидвеј уште во Мај.

Но, возачот, кој ја заврши својата сезона во Индикар во 2021 година на третото место зад Алекс Палоу и Џозеф Њугарден, се очекува да го продолжи својот развој во САД во догледна иднина. Сепак, Браун не ја отфрли можноста за трансфер на О’Ворд во Формула 1 ако неговите резултати ги исполнат очекувањата на Мекларен.

Ќе видиме откако ќе го вози болидот во Абу Даби. Тој е фокусиран на Индикар и сакам да остане многу фокусиран на тоа – рече Браун, цитиран од Motorsport.com.

Очигледно дека возачите секогаш имаат аспирација да возат во Формула 1, но мислам дека треба да видиме како ќе помине во Абу Даби.

Исто така, мора да видиме како се развиваат работите во Индикар и исто така треба да видиме како се развиваат работите во Формула 1 за да видиме дали воопшто ќе има можност во иднина. Мислам дека тоа е важно.

Сите ние се фокусираме на работата сега и не размислуваме што може да биде, а што не може.

Како што му реков, најдобриот начин да стигнете до Формула 1 е да го направите она што Вилнев или Монтоја го направија во шампионатот Индикар, станаа шампиони. Потоа ќе видиме што ќе се случи.

Иако внимава на својот возач на Индикар, Браун ја отфрли можноста да му понуди на О’Вард петочен тренинг во Формула 1 и сигурно не оваа сезона.

Ние никогаш не би го направиле тоа. Ние не би го ставиле возачот на слободен тренинг бидејќи, прво, го компромитира викендот без цел. Тоа ќе бидат вести во Мексико, голем публицитет, но ние секогаш ќе се грижиме да водиме со оптимални перформанси и возачот во секој болид ќе има ефект.

Но, ние сме среде голема битка за третото  место во првенството со Ферари и нема да направиме ништо за да ја компромитираме таа битка, тоа е сигурно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ