Мекларен не цели кон други серии

Автомобилскиот производител Мекларен нема да се прошири кон други врвни тркачки серии покрај Формула 1 и ИндиКар, доколку тоа е фискално неодговорно за британскиот бренд, вели извршниот директор Зек Браун.

Мекларен подолго време ја разгледува можноста за влез во новата врвна класа на Светското Првенство на Издржливост на ФИА, но Браун откри дека таков потег ќе зависи од спојувањето со ИМСА првенството на спортски автомобили, бидејќи изработка на хипер автомобил е надвор од финансиските можности на Мекларен. Доколку се случи влезот на Мекларен ЛМ Хиперкар, тоа ќе биде дополнително на нивниот Формула 1 тим, како и целосно новиот тим во ИндиКар од 2020 година.

Можеме, Но моментално имаме само две програми и ќе избереме и трета само ако е издржливо финансиски и поради тоа не сакаме да брзаме при правилата кои постојат. Не сме во ситуација да изработиме целосно нов автомобил. ИндиКар е добар бизнис. Во Формула 1 губиме многу пари, но новото ограничување на буџетот е тука, спонзорството се подобрува. Ф1 се движи во добра насока и поради тоа гледаме кон спортски автомобили.

Ако имаме бизнис модел кој функционира, ќе се приклучиме, но нема да бидеме дел од серија која не е финански одговорна.

Мислам дека Тојота ќе потрошат повеќе од 40 милиони долари. Не верувам дека треба да потрошите толку многу, мислам дека може со половина од тоа. Исто така тој кој има најмногу средства, историски победува. ВЕЦ мора да најдат начин да се ограничи трошењето.

20 – 40 милиони долари е рангот, а ние сакаме да бидеме во понискиот крај. Но мора да се осигураме дека ќе бидеме конкурентни со тоа ниво на инвестиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ