Мекларен подготвени да расчистат со Рикардо

Шпекулациите велат дека шефовите во Мекларен му соопштиле на Даниел Рикардо дека имаат намера да заменат со Оскар Пиастри следната сезона.

Се верува дека Оскар веќе има договор да биде резервист на екипата од Вокинг во 2021 година, но и дека ќе добие дополнителна промоција и ќе се трка крај Ландо Норис. Даниел од своја страна, има договор со Мекларен кој истекувана крајот од следната година кој го потпиша во 2020 година кога беше дел од Рено.

Во моментов биле во ек договори помеѓу возачот и тимот за да се договори предвремен раскин на соработката, секако со компензација во корист на Рикардо. Повеќекратниот победник на трка нема намера да направи трансфер во Формула Е и е сака да продолжи во Формула 1.

Во Вокинг се убедени дека ќе може да дојдат до услугите на Пиастри и покрај тоа што од Алпин велат дека имаат цврст договор со својот младинец, а тоа и официјално го потврдија.

Се шпекулира дека договорот на Оскар со Алпин за следната година никогаш не бил правилно потпишан, а тимот имал опција да продолжи да соработува со него до 31 Јули, така што договорот веројатно е ништовен.

Мекларен почнале да размилсуваат за Пиастри пред неколку недели како можна замена за Рикардо, Андреас Сеидл бил близок пријател со Марк Вебер, менаџерот на Пиастри како колеги од ендјуранс програмата на Порше. Долго време се сметаше дека младиот возач ќе го замени Николас Латифи во Вилијамс, но тоа сега е тешко остварливо.

Во меѓувреме, Алпин најавија дека не би имале ништо против да го вратат Рикардо во тимот откако во 2020 година се разделија и тоа не баш многу пријателски. Фернандо Алонсо остави празно место во тимот откако реши да мине во Астон Мартин на местото на Себастијан Фетел. Опција за Дани може да биде и Хаас затоа што во последно време се повеќе се зборува дека Мик нема да продолжи таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ