Мекларен постави бронзена статуа во чест на Ники Лауда

Пред три години на денешен ден, Формула 1 и моторспортот загубија една огромна легенда, австриецот Ники Лауда.

Во чест на него, Мекларен постави бронзена статуа откако трикратниот првак мина период и кај нив, статуа изработена од познатиот уметник Пол Оз. Истата е поставена во главниот ходник во седиштето на тимот во Вокинг крај онаа на основачот на тимот, Брус Мекларен и легнедарниот Аиртон Сена, двете исто така дело на Оз.

Ники се тркаше за Мекларен во вториот дел од својата кариера, поточно од 1982 до 1985 гдина, осум пати победи за нив на 25 трки колку што се појави во нивниот болид и освои титула во 1984 година.

денеска му даваме чест на ники лауда, трикратен светски шампион. херој, човек кој секогаш кажуваше се што мисли и даде огромен придонес за моторспортот. некој кој секогаш ќе ни недостика, но и некој кој секогаш ќе биде запаметен овдека во мекларен – напиша зек браун.

Лауда почина на 20 Мај 2019 година во приватна клиника во Швајцарија на 70-годишна возраст губејќи ја биткат со операцијата на трансплатација на бубрези на кој беше подложен претходното лето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ