Мекларен продолжува со реструктуирањето

Мекларен продолжува со спроведување на планот за рефинансирање на долгот на Групацијата од 500 милиони фунти кој може да вклучи и продажба на мал удел во Формула 1 екипата.

Според угледниот Financial Times, Мекларен Груп има можност да прибере дополнителни финансии и преку таканаречен посебен начин н превземање на компанија, односно промена на сопственоста на компанија и нејзино котирање на берза без претходна Првична јавна понуда.

Компанијата за производство на автомобили, тркачкиот тим и компанијата за применети технологии се дел од Мекларен Груп, но се под силно негативно влијание од пандемијата која предизвика финансиска криза.

Во Јуни Мекларен потпиша договор за заем од 150 милиони фубти со Националната Банка на Бахреин за да се подобри нивната ликвидност поради проблемите со краткорочниот готовински тек кој им се појави. Таквиот заем им помогна да го пребродат најтешкиот дел од пандемијата, но сеуште им треба дополнителна готовина поради фактот што автомобилската индустрија е во голема криза која ќе продолжи на среден рок.

треба да го реструктуираме целиот бизнис. влеговме во оваа година по две многу успешни години во автомобилскиот сегмент, но на целокупниот бизнис му требаше ликвидност за да преживее криза од ваков обем – објасни мајк флуит, главниот извршен директор на мекларен аутомотив.

Ништо не е исклучено, а инвестициите може да дојдат од приватни инвестициски фондови, физички лица, семејтва, државни фондови или наменски основани компании.

сакаме инвеститори со кои ќе имаме заедничка визија за нашаа акционерска база во однос на структура, насока на компанијата и среднорочни и долгорочни планови – дополни флуит.

Компанијата веќе некое време размислува за продажба на седиштето во Вокинг и потоа изјамување на истото од новите сопственици со цел да се отплати долгот. “Во игра“ се и продажба на мал удел од Формула 1 екипата која има мнгу успешна сезона и сеуште се бори за 3то место кај конструкторите.

Во моментов 56% од Мекларен Груп е сопственост на Мумталакат Холдинг Компани, државен инвестициски фонд на Бахреин, 14% се сопственост на саудискиот бизнисмен Мансур Оџех, 10% поседува Мајкл Латифи, а останатите 20% се на помали акционери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ