Мекларен развива опрема за јавното здравство

Формула 1 тимот на Мекларен помага со развојот на заштитна опрема за британското јавно здравство односно за докторите кои се во “првите борбени редови“ при борбата со пандемиајта на корона вирусот.

Мекларен Груп со користење на своите компании Мекларен Аутомотив и Мекларен Применети технологии работи задно со своите партнери на Универзитетот во Саутемптон за развој на заштитна опрема за докторите.

Инженерите и механичарите тестираат прототип на преносни респираторни машини, тест кој се покажал успешен и ќе го надмине недостатокот на опрема во здравството.

Оваа вест следува по онаа која ја објави Мерцедес дека развиле помагало да дишење заедно со Лондонски колеџ и Здравствена клиника и сето тоа го направиле за помалку од една недела со надеж дека масовното производство ќе почне следната недела во нивната фабрика за мотори во Бриксворт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ